| четврток, 6 декември 2018 |

МНР: Македонски државнјани безбедно се евакуирани од островот Сент Мартин по ураганот Ирма

Македонски државјани кои се наоѓале на островот Сент Мартин кој беше погоден од ураганот Ирма се евакуирани на безбедно, информира Министерството за надворешни работи. Според МНР, досега нема информации за повредени или загинати македонски државјани.

Претставниците од македонската амбасада во Вашингтон стапиле во контакт со македонската државјанка која престојувала во францускиот дел на островот Сент Мартин, која е евакуирана на безбедно. Од МВР велат дека се во контакт и со семејството кое било во холандскиот дел на Сент Мартин и кое веќе е евакуирано од островот.

Телефонските броеви за контакт со македонската амбасада во Вашингтон на кои може да се обратат македонските граѓани во секое време се: 202-390-7418 и 202-667-0501.

Од Министерството и од македонската амбасада во Вашингтон апелираат на будност и следење на препораките, имајќи предвид дека опасноста од ураганот сѐ уште не е надмината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top