Антиреформската влада на СДС го укина екстерното тестирање, без да спроведе соодветна анализа од ефектите од истото, неговите позитивни и негативни страни iза само 100 дена во образованието создаде хаос. СДС за само 100 дена во образованието изврши само блокирање, кратење и укинување, нема ниту еден спроведен проект за образованието, а во текот на изборите ветуваше подобро образование и квалитетна настава.
-СДС вети, СДС излажа! Од позиција на власт СДС скрати 1.5 милијарди денари од буџетот за образование, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Да почитувани граѓани, тоа се 1.5 милијарди денари помалку, за изградба и реконструкција на студентски домови, основни и средни училишта, универзитети, факултети, спортски сали и превод на стручна литература од најдобрите светски автори. Зоран Заев, Рената Десковска и Стефан Богоев одеа помеѓу младите и ветуваа подобар студентски стандард, подобри услови за студирање и квалитетно високо образование, за сега истите тие луѓе од позиција на власт со ребалансот на буџетот, да кратат 213 милиони денари кои беа наменети за изградба и реконструкција на универзитетии факултети. Расипничката влада на СДС и Зоран Заев и Стефан Богоев скрати цели 155 милиони денари за изградба и реконструкција на студентски домови. Тоа се истите тие Заев и Богоев кои секоја недела одеа во студентските домови и даваа изјави дека таму е катастрофална состојбата, истакна Стефан Андоновски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.