Владата на СДС за овие 100 дена докажа дека се вистинско цунами за македонското земјоделие. СДС наместо покачувањата и поволностите за земјоделците кои ги ветуваше за време на изборите, им скрати од буџетот за земјоделие без око да им трепне, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според Зоран Поповски, земјоделските субвенции за кои СДСМ велеше дека ќе ги зголемат не ги зголемија.
-Нема никакво предвижување и во окрупнувањето на земјоделското земјиште. Изминативе 100 дена земјоделците се соочија со многу сериозен проблем со откупот на земјоделски производи. Земјоделскиот труд и производ е потценет. СДС само покажа чисто политиканство без конкретни нови мерки и преземени активности за решавање на проблемите кои ги мачат земјоделците. Фалби со „туѓо перје“! СДС се што вети излажа. СДС не им мисли добро на земјоделците и на граѓаните на Република Македонија, истакна Поповски.
Додаде дека СДСМ за нивната катастрофална политика и неработа ќе бидат казнети од граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Блокиран патот Радовиш-Струмица, земјоделците протестираат
-
Димитриевски: СДС си поигра со маката на земјоделеците и им скрати цели 24 милиони евра
-
Предупредување до земјоделците: Невообичаено студен бран доаѓа во Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Над 300 илјади пензионери заложници на кататрофалните политики на СДСМ