| четврток, 6 декември 2018 |

Со помош на свеќа проверете дали во вашата соба владее добра или лоша енергија

Фенг шуи тест ќе ви помогне да откриете дали во вашиот дом владее позитивна или негативна енергија, а се прави со помош на пламен од свеќа. Со ова се проверува дали енергијата во одреден дел од просторот е „Чиста“.

Потребно ви се свеќа, држач за свеќа, запалка и целосен мир, без ветер.

Седнете на мирно место во станот. Запалете ја свеќата на држачот пред  вас и мирувајте неколку минути со спуштени очни капаци.  Направете доволно растојание помеѓу вашиот здив и пламенот од свеќата.

Доколку енергијата на просторот е добра – пламенот на свеќата е мирен и со златно жолта боја.

Доколку  пак пламенот  а свеќата пука додека гори, има сина боја, се однесува чудно и „се крши“ или исфрла искри – тогаш на просторот му е потребно енергетско чистење. Ваквиот „немирен“ пламен  покажува дека во меморија а ѕидовите има лоши записи од претходни настани.

извор: македонија денес.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top