Македонскиот народен театар со претставата „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ, од авторот Ингмар Бергман, а во адаптација на Тамара Барачков, ќе настапи на сцените на двата престижни меѓународни театарски фестивали во Кошице, Словачка, во Белорусија и во театарот „Kosztolányi Dezső“, Р. Србија.
Центарлниот европски театарски фестивал во Кошице ќе се одржи во првата половина од септември, а МНТ ќе настапи на 10 септември во 17 часот. Овој фестивал во Кошице е значаен културен настан на кој земаат учество театарски куќи од Полска, Чешка, Унгарија, Македонија и други, информираат од Националниот театар.
Традиционално, еднаш годишно во Брест, Белорусија, театрите од целиот свет на белоруската публика ѝ ги прикажуваат своите најдобри дела, каде што ги споделуваат креативните искуства и трендови на модерниот театар. Оваа година во селективната репертоарска програма на Меѓународниот театарски фестивал „Belaya Vezha“, на кој учествува и Македонскиот народен театар, ќе опфати широк спектар на драмски претстави, куклен, музички и физички театар, а ќе учествуваат 14 земји: Белорусија, Грузија, Унгарија, Казахстан, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Полска, Русија, Украина, Финска, Чешка и Естонија. Во селективната фестивалска програма ќе настапат 28 театарски куќи, а фестивалот ќе трае од 8 до 17 септември 2017 година. МНТ ќе се претстави на 12 септември со почеток во 18 часот. Претставите ќе се играат на големи и мали сцени, на различни локации, како и на плоштадот „Ленин“ во Брест.
По Меѓународниот театарски фестивал „Belaya Vezha“ во Белорусија, екипата на „Разговори во четири очи“ во состав: Амернис Нокшиќи-Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Дарја Ризова, Катина Иванова, Благој Веселинов и Дамјан Цветановски ќе отпатува за Србија, каде што на 15 септември ќе игра во театарот „Kosztolányi Dezső“ во Суботица.
Во 2016 година претставата „Разговори во четири очи“ имаше големи фестивалски успеси во Санкт Петербург во Русија на Меѓународниот театарски фестивал АртОкраина Фестивалот ФЕМАРТ во Косово и Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Београдско драмско позориште со „Зојкин стан“ гостува во МНТ
-
Београдско драмско позориште гостува во МНТ со „Зојкиниот стан“
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
МНТ со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“