Првиот училишен ден на принцот Џорџ беше главна тема во светските медиуми вчера, а денеска во насловите е неговата учителка.
Хелен Хаслем се прослави со самото тоа што ќе му биде првата учителка на принцот Џорџ, кој во наредните години ќе поминува голем дел од своето време во истра зграда со неа ( и тоа за 7000 фунти по полугодие). И бидејќи Кејт има мачнини од третата бременост и не беше на првиот училиштен ден на Џорџ, на јавноста ѝ беше ускратено задоволството да ја одмери од глава до пети, па затоа ѝ се нафрли на недолжната Хелен.
И сите погледи свертени кон Хелен, а таму има и што да се види.
Очигледно Хелен знаела дека очите на светот тој ден ќе бидат вперени кон неа, па внимателно избрала што ќе облече (изгледа премногу внималтелно). Се решила да биде нежно розов фустан до колена или што би рекле злите јазици – ја ископирала принцезата Кејт.
И тоа толку многу што на некои фотографии изгледа идентично како Кејт која го држи малиот Џорџ за рака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.