Ураганот Хосе засега е од трета категорија и се очекува до утре да стигне до островот Ливард, соопшти американскиот центар за следење урагани. Тој е лоциран на 1.020 км од островот Ливард со удари на ветрови од 195 км на час.
Ураганот Катја се засилува и се движи кон источниот брег на Мексико. Катја засега е ураган од прва категорија со удари на ветрот од 140 км на час.
Ураганот Ирма ги погоди островите Теркс и Кејкос во Атлантскиот Океан кои се под британска управа. Од пониските предели на островите е почната евакуација и луѓе се испратени во засолништа.
Со ветрови од 290 км на час, урганот со големина колку и Франција, во изминатите денови опустоши мали острови на североисток на Карибите меѓу кои Барбуда, Свети Мартин и Девствените Острови. Силата на ветровите вчера се намали на оклу 265 км на час кога Ирма допре до северниот брег на Доминиканска Република и Хаити.
Ураганот и понатаму се третира како „исклучително опасен“ од петта категорија што е највисоко ниво.
Ирма се наоѓа на околу 85 км јужно од островот Инагва, а се очекува да предизвика бранови од шест метри на Бахамите пред да премине кон Куба и в недела да ја погоди јужна Флорида како ураган од четврта категорија.
На околу 500.000 луѓе им е наредено да го напуштат југот на Флорида.
Ширум Карибите објавена е евакуација на десетици илјади жители и туристи.
На Куба повеќе илјади туристи од крајбрежјето се евакуирани од крајбрежните делови.
Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колом изјави дека вчера најмалку осум луѓе загинаа и 23 се повредени во ударот на ураганот Ирма на француските Карипски Острови. На Девствените Острови има три жртви и „катастрофална“ штета. Според проценки на Црвениот крст околу 1,2 милиона луѓе се погодени од Ирма и таа цифра може нагло да се зголеми на околу 26 милиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.