| четврток, 6 декември 2018 |

Монографија за новата велешка црква „Свети Кирил и Методиј“

Издавачката дејност  на Повардарската епархија „Св.Ѓорѓи Полошки“ во пресрет на осветувањето на новата градска црква „Св Кирил и Методиј“ во Велес, кое е закажанио в недела на 10  септември, деновиве ја подготви и издаде од печат монографијата Црква „Св.Кирил и Методиј“ Велес.

Монографијата, која е двојазична, македонско-англиска,  ја подготви протаѓаконот Влатко Стоименов. Англиската верзија ја приспособи Никола Цилаков од издавачката куќа „Св Ѓорѓи Полошки“ при Повардарската eпархија, а главен уредник е митрополитот повардарски господин Агатангел.

Освен што ја подготви англиската верзија, Никола Цилаков се погрижи и за фотографиите, дизајнот и компјутерската обработка. Плус фотографии од дрон на студиото „Пента“ од Велес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top