Лошата бизнис-клима им создаде сериозни проблеми на компаниите во подмирувањето на скојдневните обврски кон партнерите, но и кон вработените.
За да ги сервисираат тековните трошоци и исплатите на платите, десетици големи компании се принудени да се задолжуваат во банките, а помалите компании сериозно размислуваат да стават клуч доколку продолжи лошата бизнис клима.
Овој месец во споредба со минатиот извозот падна на 52 милиони евра. „Катастрофата во најава“ со речникот на поранешната опозиција ја опиша и пратеникот Илија Димовски на Фејсбук:
„Извозот од РМ во јули 2017 споредено со јуни 2017 е НАМАЛЕН за 11,9%. Извозот од РМ во јули 2017 споредено со јули 2016 е НАМАЛЕН за 5,6%“, потенцира Димовски.
Дополнително три големи странски инвестиции се пред затворање на своите капацитети и напуштање на Македонија со што на улица ќе останат над 2.000 граѓани. Денеска, пак, беше објавено дека компанија од автомобилската индустрија решила да го насочи својот капитал кон Србија и таму да отвори ѝ1500 работни места. Фирмата три месечи чекала да стапи во контакт со власта на СДСМ.
На прес-конфернцијата посветена на странските инвестиции лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски посочи дека минатата влада била во сериозни и интензивни преговори со околу 60 компании кои би отвориле нови 25.000 работни места, а дел од донеле одлуки за влез во Македонија. Поради незаинтересираноста на новата Влада да ги задржи и да ги продолжи преговорите, како што посочи Груевски, истите се замрени и постои сериозна опасност компаниите да ги сменат одлуките и да не инвестираат во земјава. Ваквиот развој на настаните дополнително ќе ја влоши бизнис климата и економијата во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.