| четврток, 6 декември 2018 |

Ирма пустоши пред себе, седум лица се мртви

Најмалку седум лица, меѓу кои и едно дете го изгубија животот во налетот на ураганот Ирма кој остави пустош на Карибите. Според медиумите, повеќе куќи се уништени, а на малиот остров Барбуда по ураганот веќе не се живее. Францускиот остров Сан Мартин е речиси целосно уништен. Според локалните власти, околу 95 посто од куќите и зградите се уништени.

Се очекува дека Ирма наскоро ќе помине и во близина на американската територија на Порторико, изјави американскиот Национален центар за урагани. Во оваа земја повеќе од половина од населението остана без електрична енергија, а ураганот донесе обилни дождови и силни ветрови.

Новиот ураган Катја, кој во моментов е на 322 километри од Заливот на Мексико, полека се засилува и најверојатно ќе биде силен како и другите урагани кога ќе дојде до копното, предупреди денеска американскиот Национален центар за урагани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top