Кристијано Роналдо, најдобриот светски фудбалер и лидер на Реал Мадрид и Португалија, го „поднови“ својот возен парк и донесе нов автомобил-ѕвер вреден 1,5 милиони долари.
Роналдо ќе вози „Ферари F12 TDF“, автомобил кој на пазарот има вртоглава цена. Максималната брзина која ја достигнува овој автомобил е 340 километри на час, а крева „стотка“ за неполни три секунди.
Португалскиот ас е голем љубител на автомобилите и не штеди кога се работи за нив. Со новото возило тој се пофали на социјалната мрежа „Инстаграм“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.