| четврток, 6 декември 2018 |

Филмот „Златна петорка“ премиерно во САД

Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ на Горан Тренчовски влезе во официјалната селекција на 36-то издание на Интернационалниот филмски фестивал во Њу Џерси од вкупно пријавените 367 филмови од цел свет.

Американската премиера филмот ќе ја има на 22 септември, а на покана од организаторот, режисерот Тренчовски ќе оствари средба со студенти и професори на Универзитетот Ратгерс во Њу Брансвик, а продуцентот Дејан Милошевски ќе преговара со потенцијални дистрибутери на филмот за САД.

На 8 септември филмот ќе се прикаже на Централно – европскиот филмски фестивал во Темишвар, Романија, на 19 септември на Фестивалот на филмската режија во Лесковац, а потврдени се и селекциите на фестивали во Полска, Чешка и Русија.

Филмот „Златна петорка“ досега е селектиран на 20-тина филмски фестивали, има освоено пет интернационални награди и е најгледан филм во Македонија во изминатата сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top