Граѓаните на Република Македонија заслужуваат и сакаат подобро. Во овие сто дена земјоделците беа брутално третирани, пензионерите понижени, младите измамени, дипломатија на стаклени нозе, распродадени национални интереси. Не само што не се случи брз влез во ЕУ и НАТО, туку СДСМ се обидува неуспехот да го замачка со нова лага и да го претстави како успех деблокирањето на препораката за започнуваење на преговори за членство во ЕУ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на прес-конференција само ги наброја катастрофите од политиките на СДСМ, а народот уште долго ќе ги чувствувуа последиците на својот грб.
– Земјодлеците се брутално третирани, без никаков однос, а министерот е многу многу ретко, скоро и да не е присутен на терен кај земјоделците. Земјоделските субвенции за кои велеа дека ќе ги зголемат не ги зголемија, и наместо тоа не ги ни исплаќаат оштетите од непогодата од мраз, потенцира Груевски.
Според него, нема никакво предвижување и во окрупнувањето на земјоделското земјиште. Тој вели дека има многу сериозен и страшен проблем со откупот на земјоделски производи, земјоделскиот труд и производ е потценет.
–Пензионерите беа понижени и измамени. Не се случи зголемувањето на пензиите кое сакавме да го направиме. Наместо покачување од по 670денари месечно како во период кога ние ја предводевме државата, добија само по 10, 20 или 100 денари покачување како резултат на законското усогласување кое новата власт неможе да го одбегне, а некои од пензионерите не добија никакво покачување за што има сведоштва. Дополнително се укинаа парите за изградба на пензионерски домови, истакна Груевски.
Груевски силно верува дека сите заедно можеме да прекинеме и ќе го прекинеме овој хаос што го создаде неспособната влада на СДСМ.
– Со локалните избори на 15ти октомври почнува падот на оваа неспособна власт. Стотици граѓани ме прашуваат зошто не го запреме ова цунами, овој хаос, неспособност, неодговорност и негрижа која сите ја гледаат. Одговорот е дека со 51 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, нашиот маневарски простор е ограничен. Само со масовно излегување и гласање против СДСМ на 15 октомври, ќе започне крајот на овој хаос. Само тогаш народот ја има моќта во своите раце. Поразот на СДСМ на локалните избори не само што ќе биде јасен сигнал од народот за неговото незадоволство од лагите, негрижата и неодговорнсота, туку ќе отвори и можност и потреба за предвремени парламентарни избори во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски