Електронската анкета организирана од страна на СДСМ покажува дека актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски е во предност пред кандидатот на СДСМ, Стефан Богоев. За Јакимовски гласале 805, а за Богоев 613 луѓе.
Градоначалникот Јакимовски преку Фејсбук им се заблагодари на сите кои му ја дале поддршката, но побара веќе да не гласаат, туку да ја чуваат гласачката енергија за 15 октомври.
-Голема благодарност до граѓаните на Карпош што ми ја даваат поддршката на електронската анкета организирана од страна на штабот на СДСМ. Граѓаните на Карпош јасно покажаа дека стојат позади мене и ги замолувам сите мои поддржувачи да престанат со гласање на оваа електронска анкета и да ја чуваат гласачката енергија за 15 Октомври.Искрено ваш Градоначалник, Стевчо Јакимовски, напиша Јакимовски на својот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Намалувањето на казната за Боро Стојчев е политичка, а не правна одлука
-
Кривична пријава за Јакимовски и четворица негови соработници
-
Двајца пешаци прегазени на улица во Карпош
-
Драма во маркет во Карпош: Разбојник нападнал една продавачката со електрошок, а двете колешки жестоко му возвратиле