| четврток, 6 декември 2018 |

Таравари: Министерството за здравство не е толку важно колку што е Алијанса за Албанците

„Почитувани, се обраќам откако веќе сум назначен за министер за здравство. Драги мои пријатели, би сакал да истакнам дека позицијата која ми е доверена за мене е празничен ден во мојот календар. Ќе претстојат тешки денови, мене и мојот тим не очекува многу работа, за што треба добра волја, жртвување и долги работни часови“. Напорната работа што ја најави Таравари кога беше назначен за министер ќе заврши незапочната по само 5 месеци од ветувањето.

Тој и официјално е именуван за кандидат за градоначалник на општина Гостивар иако и самиот не верува дека местото му е таму.

-Доколку ме прашувате мене лично, јас повеќе можам да придонесам во Министерството за здравство, таму каде што сум, но гледам дека членството инсистира да се кандидирам и јас. Дојдов до заклучок дека министерството не е толку важно колку партијата, Алијанса за Албанците, истакна Таравари.

Таравари ги згасна и надежите за предизборна коалиција со Движењето Беса. Тој рече дека е одлучено овие две партии да соработуваат во втората изборна рунда.

Оставивме на локално ниво да одлучуваат албанските партии, кои гледаат потреба  за соработка, не само со Беса туку и со сите другите. – но во вториот круг, според математиките на кои се надеваме, ќе се трудиме да соработуваме со сите. Затоа што сметаме дека се уште Албанците треба да ги претставуваат албанските политички партии, не македонските, додаде Таравари.

Движењето Беса, по неуспехот за предизборна коалиција, се подготвува за самостоен настап во Гостивар.

Последната одлука ќе ја донесат партиските органи, засега немаме договор со ниту една албанска политичка партија. Меѓутоа постои можноста во вториот круг. За тоа ќе одлучат партиските органи, но според овие околности, да, вели Зеќирија Ибраими

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top