Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски продолжува со теренските активности и посети на населените места во државата за да ги слушне проблемите и потребите на граѓаните.
При посетата на Зелениково Груевски рече дека се плаши дека работите со странските инвеститори ќе одат во лоша насока.
–Според она што досега го гледам во минатите три месеци или 100 дена од владата, веќе е јасно дека се креира атмосфера дека странските инвеститори се непожелни. Тие станаа предмет на жигосување, дека многу земале од државата, многу им се давало, ќе се објавуваат нивните договори што ги склучиле за помош од државата. Ќе се стават во една непријатна ситуација да или не го продолжат своето ширење тука и нови капацитети, може некои од нив и да заминат, а што е најлошо ќе се одвратат многу што се во план да доаѓаат, изјави Груевски.
Груевски потенцираше дека во наследство на новата Влада оставиле 60-тина компании со кои биле во длабоки преговори, во финална фаза да влезат во Македонија, во ситуација во која беа пред носење одлука или веќе имале интерна одлука да инвестираат во Македонија.
–Со оваа лоша клима во овие три месеци и неколку денови, се плашам дека најголем дел од овие компании ќе ги изгубиме и нема да дојдат да отворат нови работни места, а доколку би се реализирале сите тие 60-ина би отвориле 25.000 нови работни места, изјави Груевски.
Груевски кажа дека овој однос од страна на Владата е деградирачки од страна на Владата, тоа е испраќање сигнал дека се непожелни, дека не се посакувани. Тој напомена дека со нивното жигосување преку објавување на договорите за државна помош која што се дава во секоја држава, па и во Македонија, практично ќе ги одврати новите инвеститори, тие ќе бидат се помалку.
Масовни отпуштања: Три големи странски компании ја напуштаат државата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски