| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје вчера 17 сообраќајни несреќи, едно лице загинало

Во текот на вчерашниот  ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле 17 сообраќајни незгоди, во кои едно лице е загинато, а 17 се повредени.

Едно лице е загинато во сообраќајна несреќа што се случила околу 14:30 часот на крстосница од ул. „Борис Трајковски“ и регионален пат за ХЕЦ Козјак во која товарно моторно возило ФАП 1620 со скопски регистарски таблици управувано од жител на населеното место Чифлик удрило во велоспипедист роден 1956 година од Скопје роден 1987 година.

Од незгодата со повреди се задобил велосипедистот  кој со возило на брза помош бил пренесен во Ургентен Центар при Комплекс Клиники Мајка Тереза Скопје, заради укажување на лекарска помош, по извесно време тој им подлегнал на повредите.

Во девет сообраќајки со телесни повреди се здобиле 17 лица, а во седум имало последица материјална штета.

Во текот на изминатите 24 часа од страна на полицијата откриени и санкционирани поголем број на прекршоци, меѓу кои 22 пешаци поминле вон обележан пешачки премин односно на црвено светло на семафорот за пешаци. Четворица возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца поминале на црвено светло  на семафорот, дваесет и шест возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани, Имало 67 непрописно паркирани возила, а санклционирани се и тројца велосипедисти со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети се 67 возила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top