| четврток, 6 декември 2018 |

Маж и жена тешко повредени во сообраќајката на автопатот Неготино – Гевгелија

Маж и жена се здобиле со тешки телесни повреди кога утринава возилото со кое се превезувале излетало од автопатот Неготино – Гевгелија.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека возилото било со унгарски регистарски таблички, а повредените се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

Незгодата се случила кај тунелите кај Демир Капија околу 7 часот.

Автомотосојузот на Македонија информира дека сообраќајот на автопатот Неготино – Гевгелија е во прекин за товарни возила, а за патнички возила се одвива со наизменично пуштање

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top