| четврток, 6 декември 2018 |

САД побараа ОН да преземе најсилни мерки против Северна Кореја

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли, изјави дека САД сакаат ОН да преземе најсилни мерки против Северна Кореја поради новата нуклеарна проба.

„Дојде часот да се престане со половични мерки“ рече Хејли на итниот состанок на Советот за безбедност. Потсекретарот на ОН, за политички парашања, Џефри Фелтман, нуклеарната проба ја нарече опасна провокација, која длабоко го дестабилизира регионот и меѓународната заедница, пренесе Асошиејтед прес.

Фелтман повика на единствен и јасен одговор.

Претходно Јапонија побара усвојување на нова резолуција за санкциите, кои би можеле да се однесуваат на враќање на Севернокорејците од странство и на нафтената индустрија.
Советот за безбедност денеска одржува итна седница по повод новите нуклеарни проби на Северна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top