Каролина ја обожава својата внука Луција, па од нејзините концерти до лулашките во паркот, тие секаде се заедно. Денеска Луција стана прваче. Тета денеска на својот инстаграм профил напиша?
-Првата теткина љубов денес е прваче. Среќно Луце мое!
Познато е дека Каролина го користи секој слободен миг за да го помине времето со Луција. Тие заедно посетуваат фризерски салон и прават исти фризури.
Каролина Гочева на концертот во Хераклеа, Битола, им ги стопи срцата на сите присутни кога во еден миг на сцената пееше држејќи ја својата мала внука Луција за рака. Двете во фустани со слична нијанса изгледаа прекрасно.
Уживаат на лулашки во родната Битола. Одат на одмор…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.