| четврток, 6 декември 2018 |

Се појави сцената што го менува филмот „Ѓаволот носи Прада“

По долги 11 години е откриено дека клучната сцена што би можела да го промени целиот филм „Ѓаволот носи Прада“ е сепак исфрлена во последен момент.

Младата новинарка Енди Сакс (Ен Хатевеј) мечтае за сериозна кариера во модниот бизнис, па се пријавува на интервју за работа како асистентка на моќната Миранда Пристли (Мерил Стрип), уредничка на модниот магазин „Ранвеј“, позната по нејзината бескрупулозност, немилосрдност кон нејзините вработени и фаворизирање на брендот „Прада“.

Така приближно започнува приказната на популарниот филм од 2006 година.

Овие денови беше објавено видео во кое се гледа една доста необична сцена што во последен момент сепак била исфрлена од филмот.

Сцената е посебна поради тоа што фрла сосема различно светло врз целокупниот расплет на филмот и покажува дека немилосрдната уредничка сепак има и своја мека страна.

Имено, на гала-вечерта на која доаѓаат важни личности од светот на модната индустрија се наоѓа и познатата уредничка со своите две асистентки. Во еден момент сопругот на Миранда започнува да прави мал скандал со кој за малку ќе ја засрамел и ќе ја довел во прашање нејзината репутација.

Но младата Енди во тој момент се снаоѓа и ги средува работите. На големо изненадување, Миранда ѝ се заблагодарува за гестот, што од филмот било исфрлено.

„Зошто ова не е во филмот?“, „Фала не постои во речникот на Миранда Пристли“ и „Драго ми е што ја исфрлија сцената“, се само некои од многубројните коментари.

И без оваа сцена филмот оствари успех, а главната актерка Мерил Стрип благодарение на оваа улога доби награда за најдобра актерка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top