| четврток, 6 декември 2018 |

Таравари бега од здравство, ќе се кандидира за градоначалник на Гостивар

Министерот за здравство, Арбен Таравари ќе биде кандидат за градоначалник на Алијансата на Албанците за Гостивар, потврдил Таравари за порталот SDK.mk.

– До почнување на предизборната кампања останувам во Министерството за здравство. За време на кампањата ќе земам две недели одмор, меѓутоа ќе одам во Министерството за да завршам неопходни работи, изјавил Таравари за порталот.

Споменатиот портал цитира извори на партијата дека оваа одлука е донесена откако пропаднале преговорите на Алијансата со БЕСА за заеднички да настапат на престојните локални избори.

Таравари се одлучува на ваков потег во моменти кога македонското здравство се соочува со сериозни предизвици и кога случаите со починати бебиња на клиниките, за жал стануваат се почести. Без соодветна реакција и одговорснот, Таравари се чини ќе побара излез на градоначалничкото столче и по скандалот од пред неколку дена во кој пациент беше претепат на својот болнички кревет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top