Србинката Даниела Милосављевиќ се решила да го напушти Балканот и да си ја проба среќата во една од западно-европските земји каде многу подобро се заработува. Таа не криела дека таму работи работа која многумина од овие простори не би се нафатиле да ја работат, одгледува крави на фарма во местото Моргес.
– Има многу работа, и се разбира, не е лесна ниту чиста или канцелариска работа, каква што многумина би преферирале, но одлично се заработува. Не се каам што ја одбрав, иако имав и некои други опции. Забележувам дека луѓето од нашите простори многу бираат, па ваквите работни места на село не ги сакаат ниту тука, а па уште помалку на Балканот. За разлика од Швајцарците тука, на кои што не им смета да заработуваат на фарма. Јас лично тука сум многу задоволна, вели таа.
Милосављевиќ додала дека во Швајцарија едно теле се продава за околу 1 000 франци, а цената на кравите пак може да достигне и до 5 000 франци.
– Работата е напорна и валкана, но се испати. Во фармата во која што јас работам има околу 85 крави. Нивно хранење, чистење, молзење се само дел од моите работи обврски, дополнила таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.