| четврток, 6 декември 2018 |

Загина работник во железарница

makstil

Во 11 часот утрово во скопската фабрика „Железара“ загина 58-годишен работник на своето работно место, пренесува „Канал 5“.

Како што дознава телевизијата, 58-годишниот човек тешкоповреден бил префрлен во Ургентниот центар, каде што им подлегнал на повредите. Неофицијално, работникот имал несреќа додека работел на преса.

Полицијата врши увид. Идентитетот на загинатиот засега не се открива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top