СДСМ ќе му се спротивстави на Стевчо Јакимовски во општина Карпош со Стефан Богоев, претседателот на Социјалдемократска младина на Македонија. Богоев официјално ќе биде кандидат за градоначалник во Општина Карпош на претстојните локални избори.
Веста за кандидатурата на Богоев, на социјалната мрежа „Фејсбук“, ја сподели потпретседателот на СДММ Дарко Каевски, кој неодамна беше назначен за в.д. директор на Агенцијата за млади и спорт.
Богоев е пратеник во Собранието
СДСМ веќе уште вчера ги соопшти кандидатите за неколку општини. Аце Коцевски во Велес против актуелниот градоначалник Славко Чадиев, Благој Бочварски во Штип и Коста Јаневски во Струмица против Марјан Бајрактаров од ВМРО-ДПМНЕ.
Се уште не е познато кои се кандидатите за Центар и Градот Скопје. Според најавите на Фејбук, Андреј Жерновски за секој случај собира потписи за да може да се кандидира и како независен кандидат, доколку СДСМ му ја откаже поддршката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст