| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ со Стефан Богоев против Стевчо Јакимовски во Карпош

СДСМ ќе му се спротивстави на Стевчо Јакимовски во општина Карпош со Стефан Богоев, претседателот на Социјалдемократска младина на Македонија. Богоев официјално ќе биде кандидат за градоначалник во Општина Карпош на претстојните локални избори.

Веста за кандидатурата на Богоев, на социјалната мрежа „Фејсбук“, ја сподели потпретседателот на СДММ Дарко Каевски, кој неодамна беше назначен за в.д. директор на Агенцијата за млади и спорт.

Богоев е пратеник во Собранието

СДСМ веќе уште вчера ги соопшти кандидатите за неколку општини. Аце Коцевски во Велес против актуелниот градоначалник Славко Чадиев, Благој Бочварски во Штип и Коста Јаневски во Струмица против Марјан Бајрактаров од ВМРО-ДПМНЕ.

Познат 21 кандидат за градоначалник од СДСМ: Во недостиг на квалитетни кадри, нуди компромитирани лица

Се уште не е познато кои се кандидатите за Центар и Градот Скопје. Според најавите на Фејбук, Андреј Жерновски за секој случај собира потписи за да може да се кандидира и како независен кандидат, доколку СДСМ му ја откаже поддршката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top