| четврток, 6 декември 2018 |

„Тврдокорни“ денеска на протест против продавањето на националните интереси на новата влада

За денеска во 17 часот граѓанската иницијатива „Тврдокорни“ најави дека ќе одржи мирен протестен марш кој ќе тргне од пред Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје. Нивното барање е аболиција за „патриотите кои беа лишени од слобода и неправедно осудени за „напад“ и нанесување на телесни повреди, без притоа да бидат изнесени докази за нивната вмешаност“ за време на немирите на 27 април во зградата на Собранието.

Организаторите велат дека денешниот марш во Скопје ќе биде собир за самоорганизирање за спротивставување на внатрешните предавства и надворешните напади.

„Тврдокорни“ соопштија дека нивната цел е будење на македонскиот народ против продавањето на националните интереси на државата од страна на новата влада во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top