| четврток, 6 декември 2018 |

Благица Павловска: Од бродоломот испливав со Тале

Неодамна во Бугарија се одржа 25 Меѓународен фестивал „Пирин фолк“ – Сандански 2017 , а нашата фолк кралица Благица Павловска блесна на гала-вечерта во сиот сјај. За овој специјален настап пред бугарската публика, пејачката се појави во ултра елегантно издание од вечерна тоалета со длабоко деколте и висок шлиц, од кој покажа дека одлично се носи со возраста.

Среќна сум што го најдов својот мир покрај човекот на мојот живот – мојата сродна душа. Едно е многу важно во животот, кога човек ќе ги надмине оние физички побуди од страст кои немаат значење и не ти го полнат срцето. По последниот бродолом кој ми се случи на приватен план, решив да направам пауза и да се посветам на самата себе, да си ја смирам душата и едноставно да се излечам. И тогаш, најспонтано се заљубив, во човекот кој во моментов седи со мене и ми го храни срцето. Ова не е една од тие љубови кои брзо се палат и гаснат. Во оваа врска имам силна духовна поврзаност, љубов и почит, а тоа е најважно”, не пропушта да каже фолк-пејачката Благица Павловска за својата несршлива љубов Тале.

Благица Павловска: Одвај чекам пак да сум невеста

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top