| четврток, 6 декември 2018 |

Нострадамус предвиде: 2017 ќе ја одбележат пет грозни настани!

Големиот француски пророк Мишел де Нотр Дам, попознат како Нострадамус предвидел многу нешта за кои се верува дека ќе се случат еден ден.

Се смета дека тој го предвидел одењето на Месечината, Хитлеровото искачување на власт, смртта на ХенриII, но и убиството на Кенедиеви.

Тој во својата книга „Пророштва“ напишал преку илјада поетски катрени кои предвидуваат што ќе се случи во иднина.

Според историските наводи, Нострадамус почнал да добива „визии“ многу рано, а подоцна ја развил својата метода за предвидување и ги бележел своите визии.

Иако академските стручњаци тврдат дека поврзаноста на светските настани и катрените на Нострадамус се резултат на погрешно толкување и превод, милиони луѓе сметаат и веруваат дека тој навистина предвидел значајни светски настани.

Ова го предвидел Нострадамус за 2017 и за нашата цивилизација:

Најголем забележан земјотрес досега

Нострадамус предвидел дека САД ќе ја погоди најсилен земјотрес во историјата на таа држава и дека тоа најмногу ќе влијае на западниот дел од државата, како и дека потресот ќе се почувствува и во другите светски држави.

Луѓето ќе живеат повеќе од 200 години

Според зборовите на Нострадамус медицината толку многу ќе напредува што просечниот животен век ќе биде 200 години, а осумдесетгодишник ќе изгледа како педесетгодишник.

Зрачењето ќе ја запали планетата

„Кралевите ќе крадат шуми, небото ќе се отвори, а полињата ќе ги запали топлината“, наведува пророкот. “Kraljevi će krasti šume, nebo će se otvoriti, a polja će spaliti vrelina”, naveo je prorok. Ова предупредување ќе однесува на озонската дупка и неизбежното зголемување на штетното влијание на ултравиолетовото зрачење, а важен фактор ќе биде палење на шумите ширум светот.

Јазичните разлики ќе исчезнат

“Откако ќе измислат нов уред во светот ќе биде како пред Вавилон“. Се смета дека Нострадамус опишал некаков модерен компјутер или софтвер за преведување.

Колапс на глобалната економија

“Богатите ќе умрат повеќе пати”, напишал фрнацускиот пророк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top