Дирекцијата за заштита и спасување денеска соопшти дека пожарите во општина Зајас и Македонски Брод се локализирани. Локализиран е пожарот меѓу селата Зајас и Горно Строгомиште каде беа опожарени два хектара борова шума.
Во гасењето ангажирани биле 40 лица од Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна бригада, АРМ, Македонски шуми и доброволци. Пожарот кај местото викано Баба во атарот на селото Слатина во општина Македонски брод каде беше опожарена површина со сува трева и ниско стеблеста шума исто така е локализиран. На терен се ангажирани пет лица од „Македонски шуми“. Локализиран е и пожарот кај местото викано Видуш во атарот на селото Девич и Локвица.
– Дирекцијата за заштита и спасување е во состојба на зголемена будност. Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и се подготвени во секој момент доколку има потреба да ангажираат тимови за брз одговор за гаснење на пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија, се наведува во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Осигурителните компании ќе исплатат над 10 милијарди долари поради пожарите во Калифорнија
-
Се врати дома, а домот го нема: И куќата на Жерард Батлер изгоре во пожарите (фото)
-
Уште една оставка во Грција поради пожарите
-
По пожарите во Грција сменети се началниците на полициските сили и противпожарната бригада