| четврток, 6 декември 2018 |

Интернационален кугларски турнир во Скопје

Интернационален кугларски турнир ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје на 9-ти септември (сабота) со почеток во 11 часот, по повод Денот на независноста на Р. Македонија, а  во организација на кугларскиот клуб Вардар.

Учесниците (по 8 од секој клуб) ќе се натпреваруваат индивидуално и екипно и тие се дел од кугларските клубови од регионот:

„Медвешчак 1958“ од Загреб (поранешни европски прваци), „Београд“ (шампиони на Србија) „Ревита“ – вицешампиони на Босна и Херцеговина“, „Калцит камник“  (шампиони) од Словенија како и домаќинот „Вардар“ (вицешампион и освојувач на куп).

Овој спортски настан е со поддршка на Град Скопје, при што свечено ќе го отвори градоначалникот Коце Трајановски. најавено е обраќање и на значајни имиња од кугларството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top