Македонскиот шеф на дипломатијата Никола Димитров нема никаков проблем со евентуално уривање на спомениците на македонските херои и историски личности, бидејќи како што рече, сме живееле во 21-ви век.
Република Македонија беше наречена Северна земја на денешната заедничка прес-конференција во Скопје на грчкиот МНР Никос Коѕијас и неговиот колега Никола Димитров. Коѕијас рече дека ја сакаат оваа „северна земја и во НАТО и во ЕУ, но ќе треба сето тоа да се оствари врз основа на правилата на ЕУ и НАТО“.
– Што се однесува до НАТО постојат одлуките од Букурешт и со тие одлуки и нивното реализирање оваа земја ќе стане член на НАТО. Како сега ќе се реализираат тие одлуки на НАТО не зависи од нас, туку зависи од тие што треба да одлучат. Ние ја сакаме оваа мила наша северна земја и во НАТО и во ЕУ, но ќе треба сето тоа да се оствари врз основа на правилата на ЕУ и НАТО. Државата кај што се наоѓам денес има и европско лидерство, и европска Влада и европска перспектива, но елемент на европската перспектива е да се почитуваат одлуките и правилата, не е тоа мое прашање, изјави Коѕијас.
На прашањето што ќе направи новата Влада во однос на симболите и скулптурите на Александар Македонски кои побудуваат чувства кај граѓаните на Грција, Димитров одговори дека ова е 21 век и дека не смее да се гради политика врз историски личности од пред 2 илјади години.
– Историјата треба да е учител, но не и затвор. Ќе се држиме до спогодбата од 1995 година. Двата народа ќе живеат посплотено само во добрососедски односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.