Неколку провокативни наслови кружеа на интернет и едн фотографија на која се Цеца и Харо. Сите нетписи се сведуваат на рекла-казала за љубовта меѓу нив, бидејќи вистината се сосема поинаква а порталот „Аура“ ексклузивно објавува детали од свадбата на Цеца, реакциите на нејзините родители и приказната како Харо Самарџиќ завршил во логор во Батковиќ крај Бјелина. Зборовите на Цена на југословенско-унгарската граница во 1993 година уште му одекнуваат во ушите: „Харо, ова е за твојот живот“.
Во деведесеттите години од минатиот век кога државата пукаше по сите шевови, естрадата сеуште му се спротивставуваше на национализмот, а најголемите ѕвезди живееја и работеа како звецкањето на оружјето од Белград, Загреб и Сараево да не се слуша.
Тие деведесетти години твезди беа Цеца, Брена, двајцата Халиди, Весна, Драгана, Шемса, Синан…Цеца имаше само два снимени албуми. По „Цветак зановетак“ од фестивалот „Илиџа 88“ каде беше прогласена за најуспешен дебитант со кемиш и Зорица го објавија албумот „Волим те“ на кој особено се издвоија песните „Пустите ме да га видим“ и „Купуј мајко ципелице на штиклице“. Најголема заслуга за тогашните успеси на Цеца имаше нејзиниот музички продуцент Добривоје Доца Иванковиќ, а покрај него и сараевскиот новинар и дописник на „Сабор“, Екрем Милиќ со чие семејство, фамилијата Величковиќ биле куќни пријатели.
Како малолетно девојче Цеца на сите нејзини настапи ја придружувале нејзините родители Слободан и Мира. Благодарение на пријателството со новинарот Екрем Милиќ, кој организирал турнеи и во странство, Цеца почнала да добива ангажмани во Сент Гален во дискотеката „Таноа“ која била сопственост наЕсо Самарџиќ. Првото гостување било во мај 1991 година и со неа патувал таткото Слободан. Одлично настапила и Есо повторно ја ангажирал и за септември 1991 година. Повторно татко и патува со неа и тогаш Цеца ќе го оправда својот хонорар од 7.000 франци.
Тогаш се договараат да настапи и за дочек на Нова година во 1991/1992 во Сент Гален и Брегенц за хонорар од речиси 40.000 франци. Цеца ги забавувала гостите во двете дискотеки, а бидејќи биле оддалечени една од друга околу триесеттина минути возење со автомобил таа патувала во автопат. Едната дискотека била во сосптвеност на Есо, а другата на неговиот брат Харо Самарџиќ која се занимавал со спорт. Во осумдесеттите години тој бил еден од познатите фудбалери во Швајцарија.
Таа најлуда ноќ 31.12. 1991/1.1. 1992. година ќе биде и прва без придружба на најзиниот татко. Тој останал во Житораѓа. Наседнал на приказната која му ја продале Есо Самарџиќ и Екрем Милиќ кои го убедиле дека нема потреба да патува со Цеца и да плаќа авионски билети и дека му е подобро да ги штеди парите и што побрзо да го отплати станот кој неодамна го купиле во Белград.
Втората половина од декември Цеца престојувала кај Екрем, во Сараево, а оттаму заминале за Сент Гален. На трети јануари 1992 година ќе заѕвони телефонот во станот на Екрем Милиќ, а од другата страна на линијата бил таткото на Цеца-Слободан.
-Не ми е мене што Цеца се омажила за Муслиман, туку штп отиде за оженет човек, видно возбуден говорел таткото на пејачката.
-Дури тогаш ќе сфатам дека одлична игра изиграа со мене и ме излажаа и Цеца и Харо и мојата сопруга…последен како Слобо јас дознав за таа љубов. Харо и Цеца биле во сериозна врска речиси половина година, а тоа го кроеле од сите нас, раскажа подоцна Екрем Милиќ. Тој мисли дека Цеца и Харо имале прва брачна ноќ на 29 декември 1991 година во хотелот „Холидеј Ин“ во Сараево.
Еве како го објаснува тоа:
Цеце десеттина дена спиеше кај нас во станот. Тој 29 декември настапуваше во ресторанот „Стадион“ на Кошево. Навистина имав доста испиено, но бев сигурен дека го видов Харо во кафеаната. Мојата сопруга и децата ми се смееја тврдејќи дека сум пијан и дека Харо ми се првидува. Јас им поверував. Дури поцона се склопи мозаикот. Цеца таа вечер отиде да преспие во „Холидеј Ин“, наместо кај нас. Божем да не не вознемирува рано наутро бидејќи имаше авионски лет за Цирих околу девет часот наутро. А таа всушност отишла со Харо во хотел. Тоа подоцна ми го призна и мојата сопруга, се присетува Милиќ.
Харо поради Цеца ја оставил својата сопруга Анка живееле како шти тврдат уапатените во идеална заедница се до летото 1993 година кога се појавува Жељко Ражнатовиќ Аркан во нивните животии
Како и до каде во целава приказна се појавува Аркан тешко е да се дознае. Харо и Цеца таа 1993 година се упатиле во посета на родителите на Цеца во Житораѓа. Тој имал швајцарски документи и немал никакви национални предрасуди. Како што велеше подоцна прекрасно го пречекале родителите на Цеца.
Харо и Цеца ќе ги разделат непознати луѓе, маскирани во војнички униформи. Тие двајца престојувале во хотелот „Славија“ и утрината требало да летаат за Цирих.
-Само слушнат тропање на вратата од хотелската соба. Мислев дека е персоналот. Станав, ја отворив вратата и гледам маскирани луѓе. Почнаа да ме удираат…Ништо повеќе не се сеќавам, раскажа Харо кој денеска живее во вонбрачна заедница со една докторка од Загреб.
За тортурите низ кои поминал речиси три месеци би можел роман да напише. Харо не сака да се навраќа на тоа. Вели дека бил во логорот „Батковиќ“ крај Бјелина дека секојдневно го тепале и го држеле гладен и ѓеден. Стигнал до 46 килограми; коска и кожа…
-Едно утро се појави цеца во логорот. Имаше два џипа. Косата и беше кратко истрижена и со мене не прозборе ни збор. Ме ставија во еден џип со горилите, а таа беше во првиот џип. Тогаш ми минуваа најцрни мисли низ глава. Застанавме на југословенско-унгарската граница. Цеца тогаш излезе ми даде 1.000 марки, пасош и станатите документи, ја испружи раката и рече: „Харо ова е за твојот живот. Јас останувам овде. Ти оди по својот пат…Вака е најдобро. Не сакам да те носам на душа’.
Продолжението на приказната за животот на цеца веќе ни е добро познат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.