Англискиот репрезентативец Александар Окслејд Чембрлен е нов фудбалер на Ливерпул отктко денес го комплетираше својот трансфер од тимот на Арсенал за сума од 35 милиони фунти. Фудбалерот кој може да поркие повеќе позиции во средината на теренот доаѓа како значајно засилување за тимот на Клоп кој преку плејофот обезбеди настап во Лигата на шампионите, па ќе му треба значително посилен ростер за сите фронтови на кои ќе се натпреварува.
Арсен Венгер беше приморан да го продаде Чембрлен кој никогаш не криел дека уште од младоста е фан на Ливерпул. Неговиот договор со Арсенал истекуваше идното лето, а тој одби да потпише нов договор со тимот, па „топчиите“ ќе останеа со празни раце доколку не го продадеа ова лето.
До крајот на денот може да се очекува Арсенал да ги искористи овие средства за ангажман но нов фудбалер, а ќе биде интересно да се види и разврската на ситуацијата на Алексис Санчез кому исто така во 2018 му истекува договорт со Арсенал, а Манчестер Сити ќе притиска за негов трансфер со крајот на преодниот рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.