| четврток, 6 декември 2018 |

Обука за невработени лица во општина Аеродром

Општина Аеродром информира дека утре со почеток од 14:00 часот во просториите на Општината ќе се одржи обука, во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Обуката е наменета за невработените лица, за стекнување основни вештини, како пишување CV, мотивациско писмо според Еуропас форматот и подобрување на комуникациските вештини, како и за тоа какви поволности нудат европските мрежи и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Се покануваат сите заинтересирани граѓани да ја посетат обуката на која ќе можат да дознаат повеќе околу комуникациските вештини потребни при вработување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top