Вкупно 2.300 евра, 13.000 денари, две денарски штедни и две здравствени книшки му се насилно одземени на скопјанецот С.П. (75) додека влегувал во својата зграда на улицата „Козара“. Како што соопшти МВР, разбојништвото е извршено вчера околу 17 часот од засега непознат сторител кој најпрво го турнал С.П. со рацете и откако тој паднал, му ги одзел книжните ќеси во кои биле еврата, денарите и книшките по што побегнал во непознат правец.
Од падот, С.П. здобил повреди на носот, десното колено и двете раце. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.