| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил излетал од патот Битола – Ресен, две лица тешко повредени

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа која вечра околу 14:50 часот се случила на магистралниот пат Битола-Ресен. Според информациите од полицијата до несреќата дошло кога 23 годишниот Н.Ц. од село Маловиште управувајќи автомобил „Хјундаи“, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Со тешки повреди се здобил возачот како и 55 годишниот сопатник М.П., кои биле пренесени во битолската болница каде се задржани на понатамошно лекување.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top