| четврток, 6 декември 2018 |

Трето дете: Ким Џонг-ун стана повторно татко

Ким Џонг-ун стана татко третпат извести во вторникот јужнорејската новинска агенција „Јонхап“.

Првата дама Ри Сол-џу го родила нивното дете во февруари, додава „Јонхап“, пренесувајќи ги изјавите на јужнокорејските официјални лица кои таа информација ја добиле од јужнокорејската разузнавачка служба (НИС).

Ким Џонг-ун се ожени за Ри Сол-џу во 2009 година. Досега беше познато дека тие двајцата имаат две деца, од кои на второто – девојче родено 2013-та, името му е Ким Џу-ае. За неа се дозна по посетата на американската кошаркарска легенда Денис Родман на Пјонгјанг.

Во 2016 година сопругата на Ким неколкупати се појави пред јавноста и тоа покрена гласини дека е бремена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top