| четврток, 6 декември 2018 |

Утре ќе се одржи саем на храна и вино во Гевгелија

Утре во Гевгелија ќе се одржи Саем на прехрана и вино, како дел од проектот „Отворање на Бизнис центар и организирање саем“, финансиран од ИПА-Програмата за прекугранична соработка

hrana i vino

Проектот заеднички го реализираат општина Гевгелија и општина Пеонија во соседна Грција. На саемот своите производи ќе ги претстават десетина компании – производители на преработки од овошје и зеленчук, прехрана и вино од Гевгелија, како и пет фирми од соседна Грција.

Саемот ќе биде отворен во 18 часот, на шеталиштето кај фонтаната во Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top