| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто гумите на автомобилите треба да бидат црни, а не било каква друга боја

Секој возач знае дека гумите се црни, но зошто е тоа така?

Технологијата целосно напредуваше откако бил измислен автомобилот, а во производството подоцна воведени се многу промени. Но, едно нешто останало секогаш исто – автомобилските гуми, кои и понатаму се црни.

Можеби постојат такви кои сакаат гумите на нивните автомобили да бидат црвени или зелени, но големи се шансите тоа никогаш да не се случи, поради една причина.

Автомобилските гуми се црни затоа што саѓите се важен и неизоставен дел од нивното производство.

Главна состојка во гумите е, секако, гумата (каучук), која на почетокот во производството е мека и леплива.

За време на процесот на вулканизација во гумата се додаваат саѓи, која ја претвора истата во црвста маса и и’ дава цврстина.

Исто така, саѓите го продолжуваат животниот век на гумите.

Иако сте виделе “олдтајмери” со гуми со бели рабови, малку е веројатно дека на пазарот за скоро време ќе има гуми со светли бои. Доколку тоа се случи, возачите ќе треба да вложуваат и додатен напор да ги одржуваат гумите чисти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top