Младите жени кои јадат многу боровинки и јагоди имаат помал ризик од срцев напад, покажало едно американски истражување.
Жените кои јаделе неделно над три порции боровинки и јагоди, најчесто конзумирани намирници кои го содржат флавоноидот антоцијан, имале 34 отсто понизок ризик од срцев напад во однос на оние кои јаделе помалку од тоа овошје. Научниците сметаат дека боровинките и јагодите како другото црвено или сино овошје и зеленчук, содржат високи концентрации на антоцијан, флавоноид кој може да помогне во намалување на крвниот притисок и подобрување на функцијата на крвните садови.
Научниците од Харвард во текот на осум години следеле 100.000 жени на возраст од 25 до 42 години и собирале податоци за нивните прехранбени навики. Во текот на тие осум години 405 имале срцев удар, од кои некои не преживеале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



