| четврток, 6 декември 2018 |

Француски Рен заработил огромна сума од трансферот на Дембеле

Трансферот на Осман Дембеле во Барселона, бундеслигашот Борусија Дортмунд веќе добро ќе наплати. Целосниот трансфер со се бонуси треба да надмине 130 милиони евра, а интересно е тоа дека не само Борусија Дортмунд ќе заработи од овој трансфер.

Рен во 2015 година, го продаде младиот и талентиран Осман Дембеле на Дортмунд за сума од 13 милиони евра, а сега според сумата која „милионерите” ќе ја добијат од Барселона, 20 проценти од трансферот ќе легнат на сметка на француската екипа.

Уште кога Дембеле преминал во Дортмунд, јасно било декларирано во клаузулата на договорот, дека Дортмунд ако реши да го продаде, без оглед на трансфер цената, Рен добива 20 проценти од трансферот. По таа математика, Рен за заминувањето на Дембеле во Шпанија ќе добие нешто повеќе од 20 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top