Пејачката Анабела Атијас потекнува од Горажде, и со многу тага и болка се сеќава на тешкиот период од војната. Морала да го напушти домот во Горажде и со тогашното момче заминала за Швајцарија, но изгубила секаков контакт со родителите, Јадранка и Ахмед, па морала да се врати за да се обиде да ги најде или дознае нешто за нив.
Набрзо по доаѓањето во српската престолнина слушнала дека нејзината мајка успеала да излезе од Босна, но за татка си не знаела ништо, како и нејзината мајка која се развела од него уште пред војната.
–Со татко ми не стапив во контакт цели четири години, секој ден стравував да не му се случило нешто. Мајка ми прво дојде во Србија, па замина за Шведска. Подоцна ѝ се придружив, рекла Анабела.
Среќа, нејзиниот татко бил жив, па успеала да стапи во контакт со него и сега често го посетува во родното место.
Денес Анабела објавила негова фотографија од времето кога бил млад, а со коментарот ги разнежни своите следбеници: „Неговото височество тато“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.