Руската екипа Ростов ќе биде противник на ЖРК Вардар во утрешното финале на турнирот „Вардар 2017“. Ростов во натпревар од групата Б ја совлада данската екипа Одензе со 30-28 и со тоа го освои првото место во групата.
На вториот денешен натпревар Будуќност ја совлада екипата на Кубан Краснодар со 29-28 и го освои второто место во групата А. Програмата за утрешниот последен ден од турнирот го има следниот распоред: од 14 часот ќе играат екипите на Одензе и Кубан Краснодар (натпревар за петто место), од 16 часот е натпреварот за третото место меѓу Будуќност и Букурешт, а финалето меѓи ЖРК Вардар и Ростов почнува од 18 часот.
Натпреварите се играат во СЦ „Јане Сандански“. Победникот ќе освои и парична награда од 5.000 евра, второпласираниот 3.000 евра, а третопласираната екипа 1.000 евра. На турнирот ќе се изберат најдобар голман, играч и стрелец. Вардар е победник на првото издание на турнирот одигран во 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.