Будимпешта го повлече својот амбасадор во Хаг на консултации, откако холандскиот амбасадор во заминување во Унгарија ја обвини Владата на премиерот Виктор Орбан дека користи тактика слична на исламските терористи.
– Муслиманските терористи создаваат непријатели на ист начин како и унгарската Влада, изјави вчера холандскиот амбасадор Гајус Шелтема во интервју за унгарското списание „168 Ора“.
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто истакна дека на неопределено време нема да има комуникации на амбасадорско ниво меѓу двете земји.
– Тоа е најрадикален потег во дипломатијата, нагласи Сијарто.
Тој додаде дека од холандското Министерство за надворешни работи побарал објаснување во врска со изјавите на амбасадорот Шелтема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нов светски рекорд на СП во Будимпешта
-
По концертот „Париз те сакам“ Џијан Емин доби покана да диригира под отворено небо во Будимпешта
-
Стравотна сообраќајка кај Будимпешта: Автобус се заби во возила за одржување на патиштата (ФОТО+ВИДЕО)
-
Вардар буквално гризе во првото полувреме на фајналфорот во Будимпешта