| четврток, 6 декември 2018 |

Пуштена во употреба улицата „Васко Карангелевски“

Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски денеска, официјално ја пуштија во употреба реконструираната улица „Васко Карангелевски“, на потегот од раскрсницата со булеварот Јане Сандански до раскрсницата со булеварот АСНОМ (СЦ „Јане Сандански“ и хотел Русија).

На овој дел од улицата коловозот беше целосно реконструиран и променета целата асфалтна конструкција со санација на рабниците и тротоарите, во вкупна должина од 600метри.

За овој градежен зафат Градот Скопје вложи 7,8 милиони денари. Реконструкцијата на оваа улица значително ќе ги подобри условите во сообраќајот на оваа сè пофреквентна сообраќајница и ќе им го олесни пристапот на жителите до зградите, а што е најважно ќе придонесе за зголемување на безбедноста.

Би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот Трајановски за оваа инвестиција што за граѓаните значи подобрување на условите за живот и да потенцирам дека ова е доказ за плодната соработка на Општина Аеродром со Град Скопје, особено во делот на изградба и реконструкција на инфраструктурата, која е од витално значење за урбаното живеење, изјави градоначалникот Коневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top