Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски денеска, официјално ја пуштија во употреба реконструираната улица „Васко Карангелевски“, на потегот од раскрсницата со булеварот Јане Сандански до раскрсницата со булеварот АСНОМ (СЦ „Јане Сандански“ и хотел Русија).
На овој дел од улицата коловозот беше целосно реконструиран и променета целата асфалтна конструкција со санација на рабниците и тротоарите, во вкупна должина од 600метри.
За овој градежен зафат Градот Скопје вложи 7,8 милиони денари. Реконструкцијата на оваа улица значително ќе ги подобри условите во сообраќајот на оваа сè пофреквентна сообраќајница и ќе им го олесни пристапот на жителите до зградите, а што е најважно ќе придонесе за зголемување на безбедноста.
–Би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот Трајановски за оваа инвестиција што за граѓаните значи подобрување на условите за живот и да потенцирам дека ова е доказ за плодната соработка на Општина Аеродром со Град Скопје, особено во делот на изградба и реконструкција на инфраструктурата, која е од витално значење за урбаното живеење, изјави градоначалникот Коневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст