Девет сообраќајни несреќи се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје. Од нив, во две сообраќајки со полесни повреди се здобиле четири лица, а во останатите седум сообраќајки причинета е материјална штета.
Од страна на полицијата откриени се поголем број прекршоци, односно четири возачи возеле без возачка дозвола или нерегистрирани возила, 10 возачи не го користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилен телефон, а шест возачи не се придржувале кон ограничувањата и забраните од сообраќајните знаци.
Во текот на изминатиот ден откриени се и 20 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило отстранети се 50 возила. Во рамки на сообраќајно-воспитната проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во детска градинка „Срничка“ објект „Лале“ во општина Аеродром. Работилниците ќе бидат организирани за децата од средна и голема група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Едно лице потешко, три полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Девет сообракајќи во Скопје, четворица полесно повредени
-
Четири лица тешко повредени во 14 сообраќајки вчера во Скопје
-
Минатата година 155 животи згаснале на сообраќајниците низ Македонија, најмногу сообраќајки за време на викендот