Поранешната кандидатка за претседател на САД, од Демократската партија, Хилари Клинтон во својата нова книга, го опишува Доналд Трамп како чудак, од кого ѝ се наежувала кожата додека бил со неа на бината, пред втората дебата за време на претседателската кампања.
Клинтон дури во еден момент размислувала да му рече на Трамп: „Отстапи чудаку“, според некои изводи од нејзината книга “What Happened“, во која, претседателската кампања од 2016 година, е опишана како “весела, вознемирувачка и збунувачка“.
Демократската кандидатка, ја опишува дебетата од 9 октомври во Сент Луис, колку непријатно се чувствувала на бината со Трамп, во дебатата која беше организирана само два дена откако во јавноста се појавија снимки на кои Трамп кажува вулгарности за жените.
-Тоа беше втора претседателска дебата, а Доналд Трамп беше зад мене. Два дена претходно,
светот слушна за неговите шеги за допирања на жените. Сега сме на малата бина и каде и да тргнев, тој ме следеше, зјапаше во мене, правеше гримаси. Беше навистина непријатно. Буквално ми дишеше во врат. Се ежев- пишува Хилари во мемоарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Несудената претседателка ќе стане глумица
-
Хилари Клинтон: Истрагата треба да продолжи, рано е да се гласа за смена на Трамп
-
На Хилари Клинтон портали од Македонија ѝ се виновни за поразот
-
Претседателот на „Џудишал воч“ тврди: Директорот на ФБИ несоодветно ја штитеше Клинтон и од последиците на криминално однесување