Принцот Хари даде уште едно емотивно интервју поврзано со сообраќајната несреќа во која загина мајка му, принцезата Дијана.
Тој ги осуди папараците кои ја фотографирале Дијана додека била тешко повредена во смачканиот автомобил веднаш по несреќата.
Дијана била на задното седиште во автомобилот што со голема брзина се движел низ тунел во Париз додека ги бркале папараци.
Хари рече дека најтешко му било да го прифати однесувањето на папараците веднаш по кобната нереќа во која загина мајка му.
-Мислам дека една од работите со кои ми беше најтешко да се помирам беше фактот дека луѓето кои ја бркаа во тунелот беа истите кои ја фотографираа додека умираше на задното седиште. Истите оние кои ја предизвикаа несреќата, наместо да ѝ помогнат, ја фотографираа додека умираше- вели Хари.
-Имала тешки повреди на главата, но уште била жива тогаш.
На 31 август ќе се навршат 20 години од смртта на Дијана и нејзините синови Вилијам и Хари даваат интервјуа во нејзино сеќавање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Маки на кралското семејство: Меган ќе открие колкаво е богатството на Хари, ќе испливаат тајни криени со години
-
Драма на небото: Трудната Меган и принцот Хари биле во авионот кога пилотот донел итна одлука
-
Принцот Хари донесе неочекувана одлука за животот на нероденото дете
-
Меган Маркл не ни сонувала дека ќе наиде на вакви проблеми!